Финалето на ЛШ во нов термин

Пандемијата на коронавирусот и ги расипа плановите на УЕФА кога станува збор за календарот во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Првичниот план беше финалето во ЛЕ да се игра одигра на 24 јуни, а три дена подоцна, на 27 јуни во Истанбул да се игра финалето во Лигата на шампионите, но УЕФА сега одреди нови датуми.

Според „Газета дело Спорт“ новиот термин за финалниот дуел од ЛШ е 15 август, а неколку дена претходно би се играло финалето во ЛЕ, под услов натпреварувањата да продолжат во јуни доколку пандемијата се стави под контрола.

Поместувањето на финалето за август, автоматски значи и поместување на стартот на новата сезона кога би започнала во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот