ФИНА и ЛЕН поради бирократија не го менуваат Маленко!
Во текот на вчерашниот ден веќе беше објавено дека Миа заедно со нејзиниот тренер Илија Стојановски се соочија со можност за дисквалификација и предвремено напуштање на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Бургас.
Александар Маленко поради наводно непочитување на кодексот на однесување пропишан од Федерацијата побарал нивно дисквалификување. Од претходно веќе е познато дека нашата пливачка федерација има нов претседател.
Ексклузивно за „Слободен печат“ говореше претседателот на Пливачкиот и ватерполо клуб „Орион“ – Скопје, Јане Карајованов.
– Нормално дека ќе се известат ФИНА и ЛЕН. Ние како клуб ќе ги информираме сите релевантни институации тука во Македонија. А додека ФИНА и ЛЕН ќе бидат известени од страна на федерацијата. Денеска е последен ден за пријавување на пливачи за младинското Европско првенство во Казањ, каде што исто така треба да настапи и Миа. После тоа, имаме двајца пливачи од „Орион“ кои се дел од репрезентацијата за СП во Јужна Кореја. И сето тоа е сега под знак прашалник, бидејќи ФИНА и ЛЕН поради бирократија не го менуваат Маленко од нивниот сајт – ни изјави Карајованов.
За во вторник (25 јуни) е закажана прес конференција на Пливачката федерација во 11:00 часот каде што се очекува јавноста да биде уште подобро информирана околу ваквиот неочекува и шокантен настан.