Филозофскиот Филмски Фестивал ќе се одржи по деветипат

Филозофското друштво на Македонија во улога на организатор на Филозофскиот Филмски Фестивал на 30 април 2018 (вторник) со почеток во 12.00 ч. во просториите на Кинотеката на С. Македонија ќе одржи прес-конференција.

На прес-конференцијата јавноста ќе биде запознаена со Програмата на претстојниот 9. Филозофски Филмски Фестивал (9-16 мај). На пресот ќе се обратат директорката на ФФФ, Ана Дишлиеска-Митова и претседателот на ФДМ, Љупчо Митковски.

Новинарите ќе имаат можност да дознаат повеќе за различните сегменти на Програмата, односно за: Официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови и имињата на членовите на двете жирија, Ревијалната програма „Филм-философија“ во рамките на која излагања ќе имаат повеќе универзитетски професори и режисери од земјава и од странство, Ретроспективата Вим Вендерс, Едукативната програма на Фестивалот и ФФФ Караванот по завршетокот на Главната програма на Фестивалот во Скопје.

Фестивалот е институционално поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура и Град Скопје; како и од Филозофскиот факултет при УКИМ, Кинотеката на С. Македонија, Францускиот институт во Скопје, Гете-институтот Скопје и многу други соработници и пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот