Филозофски филмски фестивал: Пролетни онлајн миграции

Филозофскиот филмски фестивал своето 10-то издание го реализира онлајн. Со мото „Пролетни онлајн миграции“ од 21 до 31 мај околу 30 филмови и други фестивалски активности (видео излагања, средби, вебинар, онлајн концерт итн.) се достапни преку виртуелната киносала на платформата „Синесквер“.

На отворањето на фестивалот беше прикажан документарниот филм „Андреј Тарковски: Филмска молитва“, а следниот ден се одржа средба со режисерот Милчо Манчевски. Во програмата се застапени краткометражни, среднометражни и долгометражни филмски остварувања, а се реализира во соработка со Кинотека и со платформата „Синесквер“.

Во рамките на програмата на 10. Филозофски филмски фестивал, на 27 мај (среда), во 11.30 часот, ќе се одржи вебинар на тема: „Ковид-19 и состојбите во македонскиот филмскиот сектор“, каде што меѓу другото ќе се разговара за тоа како домашните и европските институции одговорија на ковид-кризата, каква е „новата нормала“ и реосмислувањето на филмската индустрија и како сакаме да го замислиме филмскиот сектор во иднина.

На вебинарот ќе учествуваат Бистра Георгиева, раководител на МЕДИА Деск МК, Анита Стојческа (Агенција за филм), Игор Иванов (режисер, ДФРМ/Манаки), Владимир Љ. Ангелов (Кинотека), Саша Станишиќ (Катавеј/ Синесквер), Стефан Палитов (режисер), Татјана Јаневска (Скопски филмски фестивал), Дарко Набаков (Македокс), Атанас Георгиев (продуцент) и Русе Арсов (МКЦ/Синедејс). Модератор на вебинарот ќе биде Ана Дишлиеска Митова.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 32, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-25 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот