Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи во септември

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи, според распоредот, на почетокот на септември, имајќи предвид дека ширењето на новиот коронавирус во Италија забавува, изјави вчера претседателот на регионот Венето, Лука Заја.

– Поради застојот во филмската индустрија, наметнат за да се спречи ширењето на ковид-19, на фестивалот најверојатно ќе учествуваат помалку продуценти – истакна Заја, кој е член на Управниот одбор на Венецијанското биенале.

Во јануари беше објавено дека актерката Кејт Бланчет ќе претседава со жирито на 77-то издание на најстариот филмски фестивал во светот.

Филмскиот фестивал во Кан, кој е најголем на светот, беше принуден да ги одложи годинешните случувања овој месец поради епидемијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот