Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи во мини, симболично издание!

инстаграм

Канскиот филмски фестивал, кој не можеше да се одржи на пролет, ќе има симболично мини издание на крајот на октомври, на кое ќе бидат прикажани четири филма од официјалната селекција за 2020 година.

Палатата на фестивалите ќе биде домаќин на тридневен „Cannes Special“ во кој ќе бидат прикажани четири филма од официјалната селекција, како и кратки филмови кои се дел од натпреварувачката програма и оние од училиштето „Cinéfondation“. Настанот ќе биде отворен за јавноста.

„Колекцијата од четири филма, натпреварувачката програма на кратки и училишни филмови, како и вечерите и состаноците што ќе ги одржиме во октомври се одраз на нашата среќа затоа што денес сме заедно. Филмови од официјалната селекција во моментов се прикажуваат во киносалите во Франција, Европа и ширум светот. Добар знак е да ги видите на екранот и во Кан, пред тие да станат дел од нашата официјална програма во 2021 година“, изјавил Тиери Фремо, режисер и уметнички директор на фестивалот.

Мини фестивалот, кој ќе трае од 27 до 29 октомври, ќе биде отворен со реализација на „Un triomphe“ (Една победа) на режисерот Емануел Куркол, а на проекцијата ќе биде и филмската екипа.

Културниот настан ќе го затвори филмот „Les Deux Alfred“ од Бруно Подалидес. На таа проекција ќе присуствува режисерот и главна актерка во филмот, Сандрин Киберлен.

Ќе бидат прикажани уште два филма – „True Mothers“ на Јапонката Наоми Каваза и „Beginning“, деби на Грузиецот Ди Кулумбегашвили, кој неодамна беше награден на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Организаторот на Канскиот филмски фестивал, кој не можеше да се одржи во мај поради епидемијата на коронавирус, сега го објави списокот со 56 филмови во официјалниот избор за 2020 година.

Организаторите се надеваат дека 74-то издание на Канскиот фестивал ќе се одржи следната година, од 11 до 22 мај, како и обично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот