„Филмски клуб” од канадскиот писател Дејвид Гилмор во издание на ИЛИ-ИЛИ

Книгата „Филмски клуб” од канадскиот писател Дејвид Гилмор е најново дело од работилницата на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, што од понеделник ќе биде достапна и на македонски јазик.

„Филмски клуб” ги поврзува книжевноста и филмот и претставува прекрасно понирање во внатрешноста на човековата личност преку Седмата уметност, како пријатен муабет меѓу двајца стари пријатели.

Преводот од англиски јазик е на Ацо Пероски, дизајнот на корицата на Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Канадскиот совет за уметности.

Дејвид Гилмор (1949) е роден и живее во Канада. Работел како филмски критичар и новинар, а подоцна почнал да пишува и романи. Денес е професор на Универзитетот во Торонто. Своите први романи ги објавува уште во осумдесеттите години на минатиот век, а голем успех постигнал со Совршена ноќ за патување во Кина (2005) и Совршениот поредок на нештата (2011). Сепак, негово најпознато дело е мемоарската книга Филмски клуб (2007), која важи за бестселер и е преведена на десетина светски јазици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот