Филмската дива со бројни нервни сломови, патела од манијакална депресија, а со Лоренс Оливие останала до крајот на животот

Вивиен Ли е родена како Вивиен Мери Хартли, во 1913 година, во Дарџилинг, британска Индија.На 7 години родителите ја испратиле на школување во Англија, а дома се вратила во 1931 година, одлучна да стане голема глумица.

фејсбук

Татко и ѝ помага да се запише на Кралската академија за драмски уметности во Лондон. Истата година се вљубува во Херберт Холман, адвокат, со кого се омажила и ја добила ќерката Сузан. Набргу добила и мала улога во филм и го сменила името во Вивиен Ли.

По филмот „Маска на доблеста“ добива фантастични критики, а списанијата и весниците почнале да објавуваат интервјуа со неа. Две години подоцна Вивиен глумела со Лоренс Оливие, а по снимањето почнале страсна врска. Во тоа време ја читала „Однесено од виорот“ и барала од својот агент да ја предложи за улогата на Скарлет О Хара. Од десетте оскари што ги освоил филмот, еден ѝ припадна на Вивиен.

Во меѓувреме, Вивиен и Лоренс почнале да живеат заедно, борејќи се да добијат разводи од своите претходни партнери. Се венчале дури во 1940, а во следниот период се соочиле со големите успеси на Лоренс и нејзините неуспеси и одбивања.

фејсбук

Почнала да пати од чести нервни сломови, несоница, а подоцна е утврдено дека патела од манијакална депресија. Тоа влијаело на нејзината кариера, ја сметале за тешка и каприциозна личност. Неадекватното лекување со чести електрошокови само ја влошувало ситуацијата. Но и покрај тие терапии успевала во театарот да даде сè од себе.

Била ангажирана за култната претстава „Трамвајот наречен желба“ и по 325 изведби  и била понудена и улога во филмската адаптација, која ѝ го носи вториот Оскар. По патувањето во Африка се открило дека боледува од туберколоза, а по загубата на бебето паднала во тешка депресија.

Ситуацијата со Оливие се влошила по новиот нервен слом и губењето на уште едно бебе, па новата депресија.

По заздравувањето во 1958, почнала врска со Џек Меривал, кој го убедил Оливие дека ќе се грижи за Вивиен. Вивиен и Оливие се развеле во 1960, а таа се земала со Меривал, со кого останала до крај на животот.

Но врската со Оливие и по разводот останала нераскинлива. Туберколозата напредувала и Вивиен умрела во својот дом на 7 јули 1967 година.

Меривал ја нашол како лежи покрај креветот од кој паднала. Го повикал Оливие, кој заедно со Меривал го организирал погребот. Била кремирана, а пепелта била фрлена околу нејзината куќа во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот