Филмска ревија во Битола „Недела на австралиски филм“

Амбасадата на Австралија во соработка со НУ Центар за култура-Битола од денес до 12 април организираат филмска ревија „Недела на австралиски филм“.

Културниот настан за филмофилите од Битола ќе го отвори амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт, а според програмата ревијата ќе почне во 19:30 часот со проекција на филмот, комедија „Црвениот пес“, кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA.

Амбасадорката Стјуарт во текот на денот во Битола ќе учествува и на промоција на проект за лица од ранливи категории кој се реализира под наслов „Учи, работи, биди продуктивен“, ќе го проследи настапот на „Анастасија центар со попречености“ и ќе ја поддржи изработката на слика со отпечаток на прст на платно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот