Филмска потера во Виена: Полицијата била принудена да пука за да запре тинејџер кој украл автомобил

Фото: EPA/BENEDIKT LOEBELL/Илустрација

Минатиот викенд, на улиците во главниот град на Австрија се случила вистинска филмска потера. Се започнало кога еден тинејџер (16), украл автомобил од бензинска пумпа од 54-годишен жител на Виена додека тој го полнел со бензин. Тинејџерот успеал да влезе во возилото и да побегне, пренесе српски „Телеграф“.

За настанот веднаш е информирана полицијата, која набрзо го лоцирала украденото возило и започнала потера по тинејџерот на улиците во Виена.

По извесен период, полицијата на една раскрсница успеала да го блокира украдениот автомобил со тинејџерот во него, а потоа го замолиле 16-годишното момче полека да излезе од возилото.

Меѓутоа, тинејџерот скокнал од автомобилот и започнал да трча, а полицијата го следела. По кратката „брканица“, еден од полицијаците бил принуден двапати да пука во воздух за момчето да застане. Веднаш потоа, тој е уапсен и пренесен во полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот