Филмска потера во Лесковац: Насилник ја следел бившата сопруга, ја удрил со кола и со нож прободел полицаец

Полицијата во јужниот српски град Лесковац уапсила 27-годишен жител на Ниш, кого поранешната партнерка го пријавила дека ја следи, а потоа со нож двапати го прободел полицаецот кој се јавил ја пријавата. По ова, младиот насилник влегол во својот автомобил, ја удрил поранешната сопруга и избегал.

Полициска патрола го пронашла и се обидела да го запре, но тој во потера слична на филмските, продолжил да бега минувајќи двапати на црвено, пред да удри во бетонска ограда. Излегол од автомобилот и продолжил да бега пеш, но полицајците го стигнале и го уапсиле, пишува порталот „Јужни вести“.

Епилогот од филмската бркотница – тројца повредени и тоа полицаец, бившата партнерка на осомничениот и самиот тој, а повредите не се тешки, пишува порталот.

Инцидентот се случил веднаш по пристигнувањето на полицијата на повик на поранешната сопруга на осомничениот, Ф. М. од Ниш, дека ја следи. Полицаецот се обидел да го легитимира насилникот, но тој извадил нож и го прободел двапати во рамото. Потоа влегол во автомобилот, со него ја удрил поранешната партнерка и побегнал.

Осомничениот се товари за семејно насилство, предизвикување општа опасност и напад на службено лице при вршење на службена должност, а се соочува и со поголем број прекршочни пријави од Законот за безбедност во сообраќајот. Одреден му е 48-часовен притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот