ФИЛМСКА ПОТЕРА ПО СРБИН НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА: По 20 минути успеале да го фатат (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Вистинска драма се одвивала синоќа во Хрватска, недалеку од одморалиштето Јањче на автопатот А1, кога полицијата не можела да запре Србин со сомнително возило, пренесува Курир.рс.

Според овие информации, полицијата на споментатиот автопат следела комбе со загребска регистрација, за кое се сомневале дека се користи за кривично дело, односно за криумчарење на луѓе.

Иако полицијата со звучни и светлосни знаци му давала сигнал да застане, возачот не се огласил на предупредувањата, напротив, ја золемил брзината и продолжил да се движи по автопатот во правец кон Загреб.

Полицијата тргнала во потера, но возачот не се откажувал од својата намера да побегне. За да го спречат пред влезот во Загреб, на наплатната рампа, полицијата поставила блокади од возила.

По 20 минути од потерата и поставувањето на полициски блокади, возачот и понатаму не се откажувал. Тој најпрво ја пробил рампата со комбето, а потоа со полна брзина се забил во две полициски возила, за на крај да биде оневозможен да продолжи со бегството.

Целата потера која наликува како на некој акционен филм погледнете ја во прилог:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот