Филмска копродукција: Прво снимање во време на ковид-19

По неколкумесечната стагнација, која беше предизвикана поради ковид-19, во Хрватска почна снимањето на филмот „Таја носеше црлена шамија“ (Nosila je rubac crleni), хрватско-македонска копродукција во режија на Горан Дукиќ. Филмот е во продукција на „Швенк“ од Хрватска, а македонски копродуцент е „Вертиго вижуал“ со поддршка од Агенцијата за филм.

Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 90-ти на минатиот век.

Што се однесува до снимањето филмови на почвата на Македонија, Агенцијата за филм даде предлог-протокол за снимање филмови во услови на ковид-19 до Комисијата за заразни болести, за кој се чека одобрување.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 38, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот