Филмови за Кирил Џајковски и „Д’ Хип“ беа прикажани на „Докенритам“ во Белград

Во рамките на шестото издание на Меѓународниот фестивал на музички документарни филмови „Докенритам“ во Белград на 11 јуни беа прикажани и македонските музички документарци за Кирил Џајковски, „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски, и групата „Д’ Хип (The Hip)“ во режија на Јане Алтипармаков. Филмовите беа дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот со акцент на Македонија.

Фестивалот „Докенритам“ се одржа од 8 до 11 јуни во Студентскиот град во Белград. Покрај филмската програма селектирана под мотото „Шестото сетило“, на фестивалот се одржаа и повеќе дебати и промоции на книги. Прикажувањето на македонските филмови е дел од соработката помеѓу здружението „Номад-Арт“ од Скопје и фестивалот „Докенритам“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 84, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот