Филмови од продукцијата Сестри и брат Митевски застапени на Сараевскиот филмски фестивал

Сестри и Брат Митевски продукција на Сараевскиот филмски фестивал, кој се смета за најреномиран во регионот, оваа година ќе бидат застапени речиси во сите програми. Најзначајно, во официјалната натпреварувачка конкуренција за кртатки и анимирани филмови својата регионална премиера ќе ја има анимацијата ЕДНА на Вук Митевски, која што веќе беше наградена на фестивалот во Краков со номинација за наградите на Европската Филмска Академија.
Главната актерка од “Господ постои, името и е Петрунија”, Зорица Нушева ќе биде преставена на фестивалот во програмата за меѓународен кастинг, а актерите Стефан Вујисич и Илија Волчески се селектирани и ќе бидат дел од Сараево Талент Кампус.

Понатаму, повеќекратно наградуваниот “Господ постои, името и е Петрунија” ќе се прикажува вон натпреварувачката програма “Во Фокус”, а во истиот програм ќе се прикажува и “Полусестра” најновиот филм на словенецот Дамјан Козоле во кој Сестри и Брат Митевски учествуваат како малцинска копродукција. 

Исто така, новиот филм во развој на Теона С. Митевска “Најсреќниот човек во светот” беше селектиран на Синелинк програмата каде ќе се бараат нови партнери заинтересирани за копродукции. 
 

Дополнително, од продукцијата Сестри и брат Митевски, информираат и дека Теона С. Митевска на Сараевскиот филмски фестивал оваа година е поканета да биде и член на главното меѓународно жири предводено од шведскиот влијателен режисер Рубен Ослунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот