Филмот „The Boys in the Band“ се придружува на Нетфликс оставајќи траен белег во историјата на ЛГБТИ заедницата

instagram

Филмот „The Boys in the Band“ се фокусира на вербални стрели кои се разнесуваат меѓу група пријатели на кои им се случува интензивна сесија или групна терапија маскирана во роденденска забава во стан во Њујорк во 1968 година.

На роденденската забава се присутни геј пријатели од кои повеќето не можат слободно да го прикажуваат нивниот животен стил, имајќи го предвид фактот дека дејството се случува половина век пред модерното време и култура која иако не е совршена, несомнено е далеку „посветла“.

Instagram

Сценариото го напишал Март Кроули, американски драмски писател, познат по неговата „gay themed“ претстава „The Boys in the Band“ која имала промоција на 14 април 1968 година. Претстава која била толку популарна што се прикажувала повеќе од 1.000 пати. 

Само две години подоцна, во 1970 година претставата била адаптирана во филм во режија на големиот Вилијам Фридкин. „The Boys in the Band“ бил еден од првите американски филмови кој обработува целосно геј ликови.

Пресвртот се случува половина век подоцна, на 50-та годишнина од премиерата на претставата кога во 2018 година „The Boys in the Band“ се поставува на сцената на Бродвеј со Мет Бомер, Џим Парсонс, Захари Квинто и Ендру Ранелс.

За во 2020 година, продукцијата на Нетфликс да направи повторно обединување на „екипата од Бродвеј“ во нов електричен и навистина моќен игран филм во кој сите актери се геј.

Мудриот потег на режисерот Џоу Мантело да го задржи духот на изведбата од 1968, само направило филмот „The Boys in the Band“ да остане дело од период што точно го отсликува тенорот на тие времиња.

И да, одличен избор на актери. Но актерите кои навистина заслужуваат номинации се Џин Парсонс и Захари Квинто како двајца пријатели со комплицирана динамика што во текот на целиот филм нè тера да се прашуваме дали се презираат или се вљубени еден во друг, или и двете. Тоа е она што ги прави овие два ликови неверојатно интензивни и токсични, а сепак, некако, речиси трогателни.

Instagram

Други ликови во фокус се Доналд (Мет Бомер), театрално забавниот лик Емори (Робин де Хесус), радикалниот полигамист Лери (Ендру Ранелс), традиционалниот мачо Хенк (Тук Воткинс), резервираниот Бернард (Мајкл Бенџамин Вашингтон), весело наивниот Каубој (Чарли Карвер) и секако единствениот стрејт лик и прикриен хомофоб Алан (Брајан Хачисон).

Овој филм е режиски флуид – интимна работа со камерата што прави да се  чувствуваме како да сме невидлив сведок во филмот. Повеќето сцени се случуваат во пространиот, но вкусно пренатрупан стан на Мајкл (ликот што го толкува Парсонс), карактер кој е комбинација од неврози и проблеми. „Бивш“ алкохоличар, римокатолик и писател во обид кој се подготвува да организира роденденска забава за неговиот пријател Харолд.

Во оваа каустична драма, хомофобијата е интернализирана и присутна тема која го разбранува целото дејство.  За прв пат во историјата сведочиме на дело во кое најелоквентно оддава почит на ЛГБТИ заедницата, паралелно обработувајќи ја темата на славење на гордоста и слободата на хомосексуалноста како таква како и за жал, „темната“ страна на виножитото.

Instagram

И покрај тоа што овој филм е значаен момент во претставување на ЛГБТИ заедницата, во центарот се целосно геј ликови и нивниот живот како фокус на приказната, важно е да се напомене дека овој филм ги разработува „мааните“ на ликовите како директен резултат на студеното, невнимателно отфрлање на овие мажи од страна на општеството.

Оваа сурово искрена драма го тера гледачот да се замисли за фактот колку е тешко човек да се сака самиот себе си во свет што не го прифаќа. Ова е морален филм кој нѐ потсетува дека геј ликовите не треба да бидат совршени, шармантни и добри луѓе за да „заслужат“ сочувство и почит!

„The Boys in the Band“ е филм во кој многу од ликовите ги отелотворуваат архетипите за квир културата, но мора да бидеме сфесни дека ова сценарио е напишано во време кога овие стереотипи не биле „вообичаени“ и тие карактери не биле наменети да ја претставуваат разновидната реалност на ЛГБТИ искуството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот