Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” освои уште две награди

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот Деа Филмски Фестивал во Тирана (2 до 8 Мај) освои две награди и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија.

Петчленото жити предводено од холанѓанката Клаудија Лансгенберг,со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска.

На церемонијата во Тирана присуствуваа двајцата наши актери Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

Петрунија во месец мај ќе биде преставен на 3 фестивали и по Tirana FF, Albania, патува на фестивал во Романија Transilvania FF, Romania, каде филмот е откупен и за кино дистрибуција и оттаму и во Украина каде исто така филмот ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival, Kiev.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот