Филмот „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперкоски награден на фестивал во Индија

Долгометражниот игран филм „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперкоски освои престижна награда на Интернационалниот филмски фестивал „Буда“ во далечната Индија.

„The Buddha International Film Festival“ е познат по тоа што постојано прикажува нови и иновативни филмови од целиот свет. Фестивалот „Буда“ ги поздравува социолошките теми и ја поддржува културната хибридност и разбирање меѓу народите. Поттикнувајќи ја филмската уметност како постојан стимул за развојот на квалитетни филмови.

Ова е четврта награда за дебитанскиот филм на нашиот режисер Пиперкоски. Тој претходно доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот од „4TH Dimension Independent Film Festival“ и уште една од „TIFF – Tagore International Film Festival“ во категоријата играни филмови.

Овој филм раскажува приказна преку очите на човек што ги цени вредностите на неговиот дедо и се бори да живее според нив. Филмот е семејна емотивна драма, огледало на секојдневниот живот на едно македонско семејство.

Во главни улоги ги имаме добро познатите актерски имиња како Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Други важни личности за продукцијата на филмот се сценаристот Пиперкоски, монтажерот Данчо Стефков, композиторот Оливер Тевчев, снимател на звукот е Мариус Станеску, костимографката Жаклина Крстевска, директор на фотографија Патру Паунеску,сценографот Владимир Зафировски.

Продуцент на филмот е Огнен Антов, а зад продукцијата се потпишува охридската продукциска куќа „Pandora’s Box“ во соработка со „Dream Factory“ од Скопје како и „Alien Film“ од Романија.

Ова е голем успех за нашата држава, уште едно признание дека имаме моќна кинематографија која ја освојува публиката низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот