Филиповски: Во СДСМ не беа целосно задоволни од Марин, се најде решение и јас ќе се обидам да ги остварам ветувањата

Александар Филиповски во дебата на кандидатите за градоначалник на Аеродром на ТВ24 / 14 октомври 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром, Александар Филиповски, вечерва во дебатата на телевизијата 24 изјави дека тој ќе се обиде да ги исполни ветувањата дадени од неговиот претходник Златко Марин, од кого партијата не била целосно задоволна.

„Сигурно партијата не е во целост задоволна од ангажманот на актуелниот градоначалник на Аеродром и мислам дека се изнајде решение каде што бев избран јас како личност којашто ќе проба да ги исполни ветувањата“, рече Филиповски, одговорајќи на прашањето зошто се кандидирал за функцијата.

Тој најави дека ќе се обиде да ги исполни ветувањата од претходниот период, како и проектите од неговата програма.

„Првата работа ќе ми биде реорганизација на комуналните служби, а понатаму набавка на цистерни и садење на висококвалитетни дрвја“, вети Филиповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот