Филиповска – Грашкоска: Вкупно 7.633 инспекциски надзори за период од 23-ти до 27-ми март

Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филиповска – Грашкоска на денешната прес-конференција ги презентираше инспекциските наоди за период од 23-ти до 27-ми март.

– Како и досега така и натаму продолжуваме со работа на терен за обезбедување на мерките и препораките на Владата.

Извршени се вкупно 7.633 надзори, а поединечно државниот пазарен инспекторат изврши 5.155 надзори, при тоа затворени се 22 угостителски објекти. Покрај контролите, државниот пазарен инспекторат ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. Воо соработка со УЈП направени се 928 надзори на цените, при што кај повеќе од 60 отсто трговци е утврдено покачување на цената, особено на лимоните и соодветно е постапено.

Констатирано е дека има неосновани пријави за зголемени цени кај одредени трговци, па апелираме да се пријавуваат реални случаи.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат има извршено 246 надзори, дополнително овој инспекторат има издадено 2.774 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во земјава. Овие дозволи се неопходни за непречено обезбедување на државата со неопходни стоки.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 367 надзори и изречени се 19 мерки. Констатирано е неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и работа на вработени без здравствен преглег за санитарна книшка, при што тие се остранети од објектот. Издадени се и 4 решенија за месарници за лоша хигиенска состојба и наредено е веднаш да се спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Државниот инспекторат за транспорт направи 183 надзори, меѓуопштинскиот сообраќај е намален за 90 осто. Забележан е случај за прекршување на препораките на Владата за намалување на капацитетот за превоз за 50 осто. Еден автопревозник не ги почитувал препораките за превоз и превземени се мерки.

Од Малмет извршени се 36 надзори при што е констатирано дека нема специфични опстапувања, секторот ги почитува препораките, се дозволува влез на одреден број лица и се почитуваат цените согласно одлуките на Владата.

Државниот инспекторат за труд реализираше 748 контроли, при што беа донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи. Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Ковид – 19, изјави Магдалена Филиповска – Грашкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот