Филипов: Докторите поднесуваат оставки, двајца регистрирани Македонци на излегување од Бугарија имале симптоми на коронавирус

Во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ телефонско јавување имаше бугарскиот новинар Костадин Филипов.

-Во Бугарија живееме во услови на вонредна состојба. Секое сабајле, во 8 часот, претседателот на штабот дава брифинг за сите медиуми. Вчера рече дека има сигнал од Бугарската амбасада во Скопје двајца регистрирани Македонци на излегување од Бугарија имале симптоми на коронавирус, рече Филипов.

Тој кажа дека ситуацијата полека се нормализира, откако претходно луѓето панично купувале залихи. Сега се следат препораките на Владата.

-Една од болниците, која не е специјализирана, а беше определена да биде центарот каде што ќе бидат сместени болните од вирусот, 60-70 доктори и медицински сестри поднесоа оставки. Нивниот аргумент беше дека не се подготвени за таква работа, но сега ситуацијата се смирува. Исто така, бугарскиот парламент достави предлог за строга казна за докторите и медицинските сестри кои откажуваат работа. Но пратениците тоа го одбија и сега нема опасност за медицинските лица, изјави Филипов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот