Филипоска – Грашкоска: Вработените во продавници за храна не користат заштитна опрема

Затворени се 14 угостителски објекти кои работеле и покрај владините мерки, изјави Магдалена Филипоска – Грашкоска, претседателка на инспекциски совет..

Од 16 до 18 овој месец извршени се 79 контроли. Утврдено е дека јавните превозници, односно хигиената во возилата се одржува на ниво. При влез на скопскиот аеродром додека работеше и на граничните премини сите граѓани ги пополнуваат прашалниците. Забележано е отстапување од деловните субјекти кои работат со храна, односно вработените не носат заштитна опрема (маски и ракавици), изјави на денешната прес конференција Магдалена Филипоска Грашкоска, претседателка на инспекциски совет.

– Има зголемени цени на производи во аптеките, затоа на Владата ѝ препорачуваме да ги утврди цените. Има утврдено зголемување на цени кај правните субјекти кои добавуваат стоки за аптеките. Во маркетите нема зголемување на цените. Има спорадични цени на непочитување на владините мерки. Затворени се 14 угостителски објекти кои работеле и покрај владините мерки. Меѓуопштинскиот сообраќај е многу намален, а меѓународниот е во целосен прекин – нагласи Филипоска – Грашкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот