Филипинската полиција уби четворица екстремисти

– Загрозени се јавната безбедност и општото добро. Треба да се заштитиме и да се одбраниме од терористите без одлагање, рече Сантос.

Филипинската полиција во престрелка уби четворица џихадисти кои се криеле во засолниште во Манила.

Еден полицаец е застрелан во ногата и хоспитализиран, соопшти полицијата.

За време на претресот на скривалиштето во предградие на Манила запленети се пиштоли, делови од експлозив, сметки за трансфер на пари и две црни знамиња од Исламска држава.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте разгледува дали да потпише нов, построг закон за борба против тероризмот, донесен од Конгресот. Началникот на армијата, Фелимон Сантос денешната акција и престрелката со екстремистите ја наведе како причина зошто законот треба да биде потпишан што е можно поскоро.

– Загрозени се јавната безбедност и општото добро. Треба да се заштитиме и да се одбраниме од терористите без одлагање, рече Сантос.

Од друга страна, критичарите на законот  сметаат дека тој во голема мерка го дефинира терминот тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот