Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од превртен брод

Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од патнички брод што бил превртен поради големи бранови.

Со бродот се превезувале 53 патници и 10 членови на екипаж кога го напуштила градот Лун во провинцијата Бохол, јужно од Манила, на пат кон блиската провинција Кебу.

– Два часа по напуштањето на пристаништето и на околу осум километри од градот Сибонга, бродот испратил сигнал за помош, изјави портпаролот на крајбрежната стража, капетанот Арманд Балилио.

– Спасувачите од крајбрежната стража успеаја да ги спасат сите патници и членови на екипажот, рече Балило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот