Филипинки ќе помагаат во германски болници на заразените со коронавирусот

Претседателот на Асоцијацијата на болниците во Хесен, Кристијан Хофтбергер во изјава за агенцијата рече дека добил дозвола да донесе околу 75 странски медицински лица во Германија за потребите на болниците Асклепиј, чиј регионален шеф е тој.

Германската провинција Хесен има намера да донесе десетици здравствени работници од Филипини во обид да се справи со лекувањето на заразени со новиот коронавирус, јави ДПА.

Претседателот на Асоцијацијата на болниците во Хесен, Кристијан Хофтбергер во изјава за агенцијата рече дека добил дозвола да донесе околу 75 странски медицински лица во Германија за потребите на болниците Асклепиј, чиј регионален шеф е тој.

– Знам дека со истиот авион пристигнуваат и медицински сестри за интезивна нега во други две големи болнички синџири, изјави тој. Филипинките ќе бидат во државата и покрај сегашните строги имиграциски правила.

– Тие ќе слетаат со авион во Франкфурт во следните неколку денови, изјави Хофтбергер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот