Наместо тоа, тој добил остри критики. Филипинците не го критикуваа Дутерте за вакцинирањето, туку за изборот на вакцини кои сè уште не биле одобрени од државните регулатори, пишува Си-Ен-Ен.

Дутерте затоа решил да врати 1000 дози вакцини Синофарм, донирани од Кина на Филипините и се извинил на јавноста за вакцинирање со неодобрена вакцина.

Претседателот му порача на кинескиот амбасадор да ги запре пратките на Синофарм.

„Испратете ни ја вакцината Синовак, која ја користат сите“, рече Дутерте, цитиран од локалните медиуми, повикувајќи се на другата кинеска вакцина, која е одобрена на Филипините во февруари.

Кинеските вакцини денеска се одобрени за итна употреба од Светската здравствена организација (СЗО), а во меѓувреме веќе се користат во многу други земји.

Кога Синофарм поднел барање за одобрување за итна употреба од Филипинската управа за храна и лекови (ФДА) на почетокот на март, директорот на агенцијата рекол дека ќе биде потребно извесно време за одобрување бидејќи вакцината не е одобрена од други регулаторни тела, како што е СЗО.