Властите во Филипини ќе дозволат илјадници здравствени работници да се вработат во Велика Британија и во Германија, доколку двете европски држави се согласат да и донираат анти-ковид вакцини на земјата.
Британското Министерство за здравство веднаш се изјасни дека не е заинтересирано за таков договор и дека приоритет е користење на вакцините во земјата, но истовремено порача дека вишокот на вакцини во иднина ќе го дели на меѓународно ниво, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Филипини, која е една од азиските држави со најголем број на случаи со коронавирусот, ги ублажи мерките за забрана за вработување на здравствени работници во странство, меѓутоа и натаму го ограничува бројот на здравствени стручњаци кои може да ја напуштат земјата на 5.000, пишува агенцијата „Танјуг“.