Филипчев: Маленко користи лажни печати, чекаме потврда на генералиите од ФИНА

Слободен печат

Новиот претседател на Националната пливачка федерација како што е новото име, Александар Филипчев, денеска на прес конференција ги презентираше сите активности и проблеми како и планот за работа на новото раководство.

Во врска со досегашните збиднувања веќе е познато тоа дека настанати се нови промени во името на федерацијата, Статутот на федерација и во составот на раководството. Не се работи за двојна федерација или паралелна федерација.

Во понеделникот беше објавено дека најдобрата македонска пливачка Миа Блажевска Еминова заедно со нејзиниот тренер Илија Стојановски се соочија со можност за шокантна дисквалификација и предвремено напуштање на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Бургас.

facebook.com/National-Swimming-Federation-Национална-пливачка-федерација

ФИНА моментно е во заблуда, според тренерот на Миа, поради лажните ставови на Маленко, со одлуки, безглаво беше оштетена нашата пливачка за неосвојување на медал, но задоволни се и од овој резултат, со надеж за подиум во големите натпреварувања.

Претходниот прв човек на федерацијата, Александар Маленко поради наводно непочитување на кодексот на однесување пропишан од Федерацијата побарал нивно дисквалификување.

За „Слободен печат“ претходно говореше и претседателот на Пливачкиот и ватерполо клуб „Орион“ – Скопје, Јане Карајованов кој вели дека ќе се известат ФИНА и ЛЕН за овој случај и сите релевантни институации во земјата.

Се додека ФИНА и ЛЕН поради бирократија не го менуваат Маленко од нивниот сајт, ќе останат под знак прашалник наредните настапи на македонските пливачи.

– Напоменуваме дека проблеми во пријавување на пливачи и вреднување на резултатите веќе нема да има. Секогаш Македонија ќе ја претставуваат најдобрите пливачи, а не како до сега проблеми со пријавите на Марко Блажевски (Светско првенство) со докажен резултат од Бања Лука, Евгениј Поп Ацев како и сите останати проблеми поврзани со учество на големи натпреварувања – изјави претседалот на националната пливачка федерација, Филипчев на денешната прес конференција во кафе АТК премиум клубот во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје.

Слободен печат

Се наидува на проблеми со старото раководство на чело со Маленко меѓу користење на печати кои не постојат, лажирање во одлуките, лажно претставување, суспендирање на пливачи.

Раководството на сегашната федерација за прва цел ќе има деблокирање на сметката на федерација која има долг од 300 илјади евра.

– Во целост ќе се следи исполнување на програмата, настап на Европско младинско првенство во Казањ, Русија, настап на СП во Јужна Кореја, настап на младинско ЕП во далечинско пливање. Настан на младински Олимписки фестивал во Баку, како и Охридскиот маратон од светскиот куп на 10 километри – додаваат од федерацијата.

facebook.com/pvkorionskopje/

Маленко се обвинува и за голема штета на федерацијата со давање на реверс на системот за електронско мерење на лице од Нови Сад. Како што најавува Филипчев за националното првенство наредниот викенд, федерацијата има обврска да плати 1.000 евра за закуп за мерачи на време, а веќе поседува таква опрема како електроника, семафор, техничка обработка на податоци.

Минатиот четврток во 17:00 часот беше доставена цела документација до ФИНА и ЛЕН на новата пливачка федерација предводена од Филипчев и секој момент се чека прифаќање на нивните генералии.

Претседателот на НПФ очекува од ФИНА во најскоро време да го признае новото раководство и да воспостави комуникација, со оглед на пратената документација, за која Филипчев вели дека е потврда за легалноста на неговиот избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот