Филипче: Жена од Куманово прва жртва од коронавирусот во Македонија, хоспитализиран нејзиниот син

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека во Македонија е евидентиран прв смртен случај со коронавирус во земјава.

-Во текот на вчерашниот ден присгинаа над 150 прашања, одговориме на голем дел од нив, бидејќи имаше реакција денес ќе одговорам на сите прашања ои се стигнати до сега.

Најавувам нова прес-конференција во 19 часот за останатите прашања. Во меѓувреме пр тимовите ќе одговорат и на мејл за сите прашања. Веќе се тестира алатка за поставување на прашања во живо, која наредните денови ќе биде активна.

Молам за разбирање и трпение.

Во врска со пациентите со коронавирусот во земата, регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина,нејзината состојба е непроменета. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

Имаме прв смртен случај кој доцна синоќа беше дијагностициран во Куманово, жена од 57 години. Во однос на третманот колегите навремено постапиле, земени се два теста. Тие прво покажале негативен резултат. Брис е земен повторно по констатација на смртта вечерта и тој бил позитивен, земен ради нагло влошување на состојбата, бидејќи тоа не било типично за друга болест. Заедно со неа е хоспитализиран нејзиниот син. Тој има 33 години, вчера имало влошување, префрлен е на Инфективна клиника, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот