Филипче: Здравството е на прав пат, младите треба да останат овде

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Како и изминатите 2 години продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата, опремата, системот и во вработувањата, пред се на младите во здравството, истакна претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, на трибината „На прав пат“ во Струга.

– Нема потреба младите лекари да размислуваат да заминуваат во странство, тие тука треба да останат да работат, да се надградуваат и да пружаат здравствени услуги за нашиот народ –  рече Филипче, и нагласи дека тоа се овозможува со мерката сите доктори што ќе завршат медицински факултет, да добијат платено работно место за 6 месеци, а од идната година тоа ќе се зголеми на цела година.

Тој додаде дека се дадени над 5 илјади согласности за вработувања во здравствените установи во државата така што нема здравствена институција, каде капацитетот на вработени не е зголемен за најмалку 10 проценти.

Филипче се осврна и на другите мерки за унапредување на здравството, како укинувањето на квотите за лекови, зголемување на капиталијата на матичните лекари, нови лекови за ретки болести, нови типови на инсулин.

Филипче најави дека започнува проектирање на нова општа болница на Струга, која ќе се гради на патот за Ќафасан.

Следната недела започнува реконструкција на покривот на централот за дијализа во Струга, кој наскоро треба да добие 5 нови апарати за дијализа, најави Филипче на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот