Филипче: Започнуваме состаноци за координација во балканскиот регион, следните денови ќе бидат спремни кластерите за Скопје

Бројот на заболени значајно се намали, процентот на пациенти за кои точно знаеме кој е кластерот и по која линија се заразени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој дополни дека сите фактори се значајно подобрени од почетокот на епидемијата.

Во однос на предвидувањето, сега ги гледаме резултатите од рестриктивните мерки. Треба да сме свесни дека вирусот нема да исчезне во подолг временски период, такви се предвидувањата. Сликата ќе се смени откако ќе се открие вакцината и до стекнување колективен имунитет.

Фактори кои може да влијаат на влошување се отворање на границите, почеток на школска година и во есен појава на сезонски грип.

Започнуваме со состаноци со соседните земји, најавија отворање на границите и мора да имаме организиран пристап во однос на здравствените протколи кои ќе се имплементираат. Согласно препораките на комисијата започнуваме и ние состаноци за координација во балканскиот регион, денес ќе имам состанок со министерот за здравство на Грција за следниот период кога се очекуваат нови пикови и за отворање на границите и аеродромите.

Денес се регрутирани вработените во градинките за да се спроведе скринингот, следните денови ќе бидат спремни кластерите во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот