Филипче: Залудно се бориме против лажни вести ако Мицкоски свесно лаже и креира паника

Залудно се бориме против лажни вести поврзани со епидемијата со ковид-19 ако лидерот на опозицијата лаже и создава паника, забележа министерот за здравство Венко Филипче на твитер, смирувајќи дека во земјава има доволно тестови за дијагностицирање на вирусот.

„Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести ако претседателот на најголемата опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните. Бидете спокојни, тестови има и постојано се набавуваат резерви“, напиша Филипче.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа изјави дека Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот вирус.

Од Министерството за здравство реагираа дека според бројот на направени тестирања на еден милион жители, нашата земја е меѓу првите 30-40 држави во светот со над 2 200 тестови на милион жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот