Филипче: Загрижува трендот на смртни случаи, не сакаме полни болници

Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Последниот тренд на зголемување на бројот на смртни случаи како последица на Ковид-19 е загрижувачки, признава министерот за здравство, Венко Филипче. За време на посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на објектот, тој истакна дека се прават анализи од чии резултати ќе зависат и натамошните мерки што ќе бидат преземени.

– Не сакаме полни болници, а анализите ќе покажат на што се должи зголемениот број на смртни случаи и што ќе се преземе. За жал, превентивните мерки не се почитуваат. За жал има и млади починати. Дел од нив имаа сериозни коморбидитети што ја намалува шансата за добар исход. Станува збор за тешка болест која се манифестира во тешка клиничка форма. За сите се презема, сѐ. Веројатно ќе бидат презентирани уште пет починати во текот на денешниот ден“, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот