Филипче: За Задушница, ќе носиме мерки до крајот на неделава

Фото: Профимедиа

Какви превентивни мерки ќе се спроведат за да се спречи гробиштата за Задушница да бидат полни со граѓани го праша „Слободен печат“ министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Го имаме предвид празникот Задушница и така ќе се носат одредени одлуки ако се одлучи дека треба. Со оглед на тоа дека кај нас се почитуваа само најстрогите рестриктивни мерки а сите меки мерки, очигледно се прекршуваат. Тоа се гледа од тоа што сега се дијаностицирани пациентите. За Задушница ќе се носи одлука деновиве, го имаме празникот предвид. Ќе ги анализираме бројките, ќе го процениме ризикот за собири. Ќе процениме дали луѓето ќе се придржуваат до мерките, согласно сето ова што се случува. Денешните информации се дека во Штип се повеќе луѓе се движат со маски по улиците. Така што за ова ќе информираме при крајот на неделата, одговори Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот