Филипче за „Утрински брифинг“: Се намалува медицинскиот кадар кој ја напушта земјава

Направен е сериозен исчекор напред. Решени се историски натрупувани проблеми. Направена е инвестиција онаму каде што и навистина требаше. Со зголемување на платите и за прв пат плаќањето на младите лекари е направен огромен чекор. Ова е битна работа која е поврзана со одливот на медицинскиот кадар, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ министерот за здравство Венко Филипче.

Околу обвинувањата дека се намалуваат дежурствата во здравствениот сектор, Филипче изјави дека со зголемувањето на основните плати, дежурствата морало процентуално да се намалат за да останат исти. Инаку, вкупната сума на пари значајно се зголемува.

Филипче најави и нови лекови во аптеките.

„На граѓаните ќе им се овозможат нови лекови кои досега ги немало во аптеките“, рече министерот.

Околу последните случувања и барања на администрацијата која работи во Јавното здравство, за „Утрински брифинг“ министерот изјави дека проблемот е ставен на маса и доколку може да се најде решение тоа и ќе се случи.

– Администрацијата која работи во Јавно здравство имаше два пати зголемување на платата. Со министерството за информатичко општество работиме на одделување на оваа администрација од другата. Сакаме да ги отвориме сите прашања за да видиме дали може да одговориме – констатираше Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот