Пациентите нема да чекаат долго: Набавени два нови апарати за магнетна резонанца
За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил.
На овие апарати, вели тој, ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти.
Еден од модулите за дијагноза, посочува Филипче, ги нема ниту во центрите во регионот.
„Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%, а пациентите повеќе нема да чекаат“, напиша министерот.