Филипче: За пациентите со ХАЕ обезбедивме три различни терапии

Венко Филипче/ Фото: Слободен печат. / Драган Митрески

 Министерот за здравство Венко Филипче, по повод одбележувањето на 16 Мај како Меѓународен ден на хередитарениот ангиоедем (ХАЕ), преку својот фејсбук-профил информира дека за пациентите со ваква дијагноза обезбедиле три различни терапии кои се веќе достапни во државата преку Програмата за ретки болести.

– За овие пациенти, обезбедивме три различни терапии, кои се веќе достапни во државата преку Програмата за ретки болести, а дополнително оваа година за едно детенце со сериозна клиничка слика се обезбедува превентивна супкутана терапија, напиша Филипче.

Тој посочува дека Хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) е ретко заболување кое што го има мала популација граѓани (1 на 10 000 – 50 000 луѓе), а настанува поради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на делови на телото.

– Оваа состојба се карактеризира со висока стапка на смртност од дури 30 отсто за ХАЕ пациентите доколку нема пристап до дијагноза и терапија. Годинава одбележуваме значаен јубилеј – 10 години откако на иницијатива на меѓународната организација ХАЕ, се одбележува 16 Мај како Меѓународен ден на хередитарениот ангиоедем (ХАЕ). Преку ова видео на креативен и уникатен начин се доловува животниот пат на пациентите со хередитарен ангиоедем, кои сакаат да порачаат до јавноста преку текст, музика и танц: „Отекувам, но не се повлекувам. Тука сум и постојам!”, напиша Филипче на Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот