Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Кинеските производители на анти-ковид вакцина „Синовак“ и „Синофарм“ се сериозна опција за набавка на дози во земјата, изјави  министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за „360 степени“. Контактот со тамошните компании е остварен со помош на амбасадата на Кина во земјава, но Филипче, истовремено, нагласи дека здравствени власти не отстапуваат од останатите два правца за неопходниот производ во борбата против коронавирусот – Ковакс механизмот на Европската Унија (ЕУ) и преку „Фајзер“ од соседна Србија.

– Во очекување сме на детали од договорот што верувам дека ќе ги имаме до крајот на оваа недела, а се однесуваат на цената и на испораката. За рокови не би сакал да зборувам. Производителите кои први излегоа на пазарот, како „Фајзер“, се соочуваат со проблем со капацитетите, а повеќе европски држави најавија и тужби поради неисполнување на договорените нарачки. Хрватска, на пример, го прекинува процесот на имунизација. За да осигураме интегрален процес на вакцинација, принудени сме да работиме на сите полиња“, истакна Филипче во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот