Филипче за градинките: Дезинфекција на секои два часа, секој вработен да има термометар и заштитни средства

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за протоколите што ќе бидат воведени при отворање на градинките.

– Треба да се дезинфицираат градинките и дворовите, секој вработен да има лични заштитни средства и да има бесконтактен термометар, како и задолжително на секои два часа да се дезинфицираат површините. Секое дете ќе има своја постела за спиење, масите ќе бидат на растојание од најмалку 1,5 метри, рече Филипче.

Тој соопшти дека просториите и дворовите на објектите редовно ќе се дезинфицираат, секој вработен ќе има лични заштитни средства и термометар со кој на секое дете при влез во објектот ќе му се мери температурата.

– Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории. Вработените имаат обврска да го следат сопственото здравје и здравјето на децата при прием и за време на престојот – рече министерот Филипче.

Министерот дополни дека приемот на деца ќе биде на 10 минути со еден родител, кој има заштитна маска. Групите на деца ќе се организираат така што кај категориите до 2 години ќе има најмногу до шест деца, а кај повозрасните до 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот