Филипче: За 24 часа починаа деветмина заболени од коронавирус

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од вчера на Инфективна се користи и дополнителната монтажна болница каде се сместени тројца пациенти, рече министерот за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 1.391 тестови, при што позитивни на тестот се 193, излекувани се 46, а починаа девет граѓани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Земјите во нашиот регион бележат раст на новозаболени, и тоа е присутно во Бугарија, Албанија, Косово, Србија и БиХ, рече министерот за здравство.

– На Инфективна клиника примени се 15 пациенти, а во болницата „8 Септември“ пак 20 пацеинти се згрижени. Седум од нив се на респираторна машина – изјави Филипче.

Во изминатите денови се правела реорганизација на капацитетите за потребите на оптоварените болници, а состојбата на сите Одделенија рече Филипче го бара тоа.

– Од вчера на помош во Скопје пристигнаа 54 доктори и медицински сестри, а направен е и план за прераспределба на кадар од болниците во земјава – нагласи Филипче.

Од вчера на Инфективна се користи и дополнителната монтажна болница каде се сместени тројца пациенти, рече министерот за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот