Филипче: Вториот бран сметаме дека ќе трае многу кратко, вирулентноста значително слабее (ВИДЕО)
Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат од непочитувањето на мерките за собири и групирања, што впрочем се докажа од епидемиолошките анкети, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конфереција.
-Зголемениот број на заразени е очекуван поради начинот на тестирање кошто го примениве овие изминати денови со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажа дека има одреден број на случаи кои се асимптоматски носители на вирусот, денеска имаме највисок број на новозаразени- рече Филипче.
Вториот бран сметаме дека ќе трае многу кратко, потенцираше Филишпче, многу рано се идентифукуваат носителите на вирусот, но остануваме претпазливи.
-Вирулетноста значително слабее, има голем број на асимптоматски носители, со многу лесни симптоми, близу 90 проценти, но ова не треба да значио дека вириусот не е опасен и сега има пацинети со тешка клиничка слика- рече министерот.