Филипче: Волонтери од ВМЦ и студенти од шеста година на медицина од денеска се вклучуваат во работата на ковид-центрите

Лекари и медицински сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студенти од шеста година на студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денеска почнаа да волонтираат во ковид-центрите во Скопје. Првата група лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче изутринава на состанокот на Интерните клиники со преставниците од ВМЦ и студентите ја поздрави нивната одлука и желбата да помогнат во работата на ковид-центрите.

– Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид-19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате можност да го видите во вашата кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем, но и предизвик, рече министерот Филипче на состанокот.

Студентите од шеста година ќе бидат распределени во центрите каде ќе работат под менторство на лекари специјалисти и ќе стекнат искуство во делот на клиничката пракса, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот