Филипче: Во тек сме на преговори за набавка на 200.000 дози на вакцини од Кина

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево изјави дека во тек се преговори за набавка на 200.000 дози од кинеските вакцини.

– Очекуваме детали да имаме во наредните неколку денови. Инаку станува збор за 200.000 дози кои планираме да стигнат од Кина. Сите 200.000 дози треба да стигнат веднаш, а тоа што го чекаме како детали овој период што е пред нас е точното време во кое треба да пристигнат, изјави Филипче за телевизија Сител.

Тој посочи дека вчера разговорал со претставници на компанијата „Фајзер” кои ни укажале дека тоа што прво ќе следува од нив е дозволата да се извезе една количина од Србија, односно тоа е првата количина што ќе стигне во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот