Филипче: Во Струга и регионот не се детектирани суспектни случаи

Во Струга и струшниот регион посветивме посебно внимание, бидејќи имаше луѓе кои интензивно комуницираа со Дебар и околината, рече министерот за здравство, Венко Филипче и додаде дека не се детектираа суспектни случаи.

– Истиот систем на мобилни тимови може да биде во функција во сите градови, но од следната недела почнуваме од Скопје. Битно е кога е препорачана самоизолација, таа да се почитува. Доколку некој има симптоми, може да се јави во било кое време, вели Филипче.

Министерот додаде дека е одличен капацитетот на велешката болница. Најстручно пристапил персоналот во идентификација и праќање на пациенти на Клиниката во Скопје. Назначениот координатор денес требаше да биде упатен во Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот