Филипче: Во пораст е бројот на пациенти заразени со коронавирус, но здравствениот систем засега е добро менаџиран (ВИДЕО)

На Клинички се работи на подобрување на инфраструктурата, на подобрување на пристапот на Инфективна Клиника.

Веќе се работи планот на посебни пунктови во рамките на здравствениот дом во Скопје, за што ќе известам следните денови, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

– Целта е да се стигне до сите првични контакти затоа што тоа се најризичните луѓе кои можат да се во највисок процент заразени и да ја шират заразата. Тоа ќе биде целта и на дополнителното тестирање кое сакаме да го почнеме оо почетокот на следната недела. Значи да се прошири на дел од асимтоматските пациенти кои се во најризичните групи. Затоа е многу важна свеста на граѓаните посебно на оние кои биле во контакт или оние знаат дека можеби се во ризична група. Сметам дека тоа е исклучително важен дел во целиот систем на борба против вирусот, нагласи Филипче.

Додаде дека постојат случаи кога граѓаните не ги почитуваат мерките на самоизолација, но како што рече тоа ќе биде најстрого санкционирано.

– Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар, заради тоа што таму има заразени здравствени работници- рече Филипче.

Денеска заседаваше и главниот Кризен штаб, рече министерот, се разговараше за повеќе прашања.

– Утре ќе биде доставен потрошен материјал кој е потребен во Дебар. Ни пристапија и повеќе компании кои ќе изработат заштитни маски од соодветен материјал- рече Филипче.

На Клинички се работи на подобрување на инфраструктурата, на подобрување на пристапот на Инфективна Клиника.

– Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, ЈП „Улици и патишта“ за уште една линија за влез на хируршките одделенија, со што ќе се олесни пристапот до кампусот- рече Филипче.

Во пораст е бројот на пациенти заразени со коронавирус, сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран.

– Добро е што пациентите се откриваат во рана фаза, бидејќи оние кои се откриваат во доцна фаза тие го колабираат здраствениот систем. Ова не е нешто што може да го изменаџира само здравството, важни се и граѓаните, тие треба да придонесат оваа криза да се надмине – рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот