Филипче: Во периодот кој следи Грција и официјално ќе не извести дека границите ќе се отворат на 14 мај

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Грција ќе ги отвори границите за нашите граѓани на 14 мај, кои ќе треба да приложат сертификат од вакцина или PCR тест не постар од 72 часа. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговрајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје.

-Вчера разговарав со грчкиот министер за туризам Теохарис, кој потврди дека грчката Влада се уште е на ставот, и за тоа во периодот кој следи и официјално ќе не извести дека границите ќе се отворат на 14 мај. И за влез во Грција ќе биде потребен или сертификат од вакцина, по овој терк кој ние го имаме, или кој го издава Србија, или алтернативно PCR тест не постар од 72 часа. И ова важи за сите земји, за некои земји ќе може, не знаат се уште дали и за нашата, ќе може да се влезе и со потврда за негативен брз антигенски тест и за тоа ќе не известат во следниот период, рече Филипче.

Прашан за македонските државјани кои се вакцинираа во Србија против Ковид-19 и имаат примено две дози од вакцината и имаат документи за вакцинација, Филипче рече дека при патување тие граѓани ќе можат да ги користат тие документи што им се издадени во таму

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот