Филипче: Во овој момент се тестираат 7 лица, денес или утре ќе се тестираат од 40 до 80 лица од дебарскиот регион

Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција известиза најновите информации со Ковид-19 во земјава.

– Нема новодијагностицирани случаи во изминатиот период. Испишана е првата пациентка во добра клиничка состојба. Сликата на белите доброви покажа дека нема големи последици, упатена на домашно лекување. Сите кои беа во контакт со неа беа тестирани, немаат симптоми и се здрави.

Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, 13 на Клиника за Инфективни болести и на пациентката која е на респираторна машина. Добра е состојбата со пациентите од Дебар. Утрово разговаравме со нашиот инфектолог, кој е сега таму и ја координира работата на локалните инфектиолози и епидемиологот. Евентуално индикација за нови тестирања на повеќе луѓе, една форма на скрининг согласно светските искуства, дури и на луѓе за кои не сме сигурни дека биле во контакт со заболени или се сомнителни. Ја прошируваме бројката на луѓе која се тестира. Очекуваме утрешениот ден да се тестираат од 40 до 80 лица луѓе од овој регион. Координацијата на лекарските служби е добра, нема проблем во болницата.

Во овој момент се тестираат 7 лица, 3 од Дебар, луѓе со симптми од грип, 2 од Центарот за јавно здравје од Штип и 2 од Инфективната клиника кои патувале во странство, односно во Австрија и Германија.

Утрово се состана Кризниот штаб, секој од ресорите ја кажа состојбата и објасни како се спроведуваат мерките на теренот. Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро, нема проблем, луѓето се мирни и се придржуваат до мерките. Тие покажуваат исклучително висок степен на дисциплина.

Во 19 часот има седница на Влада на која ќе се дискутира за повеќе мерки за кои потоа ќе информирам.

Клинката за психијатрија започнува со психолошка поддршка на ранливи групи преку телефонски броеви, на родители, возрасни лица и граѓани на општина Дебар и Центар Жупа, истакна министерот Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот