Филипче: Во Кавадарци е зголемен бројот на заразени поради прослави во градот

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека во Кавадарци е зголемен бројот на новозаразени.

Според него, растот на новозаразени лица во Кавадарци е поради одредени настани и прослави низ градот.

Министерот вели дека новозаразените се од сите возрасти и не се работи само за млади лица.

„Ги пратиме бројките и ги анализиравме резултатите од секвенционирањето на геномите на вирусот од пациенти кои што беа дијагностицирани во Охрид, Кавадарци и во Прилеп. Прво да кажам дека евидентно е зголемувањето во изминатиот период на пациенти кај кои се детектира варијантата на британскиот сој и тоа од некои 20-тина проценти. Последните два дена резултатите покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на дијагностицирани, истакна министерот Филипче.

Министерот оценува дека засега нема потреба од засилување на рестриктивните мерки и дека состојбата е под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот