Филипче: Во изминатите две години, примени се близу 800 лекари и над 1.000 медицински сестри

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека изминатите две години се примени голем број лекари и медицински сестри.

-Генерално имаше дефицит на лекари, во изминативе 2 години огромен број лекари и медицински сестри се примија. Дадовме повеќе од 5 илјади согласности за вработување, примени се близу 800 лекари, над 1.000 медицински сестри на неопределено време. Голем дел се упатени на специјализација.

Бројот на инфектолози е околу 60-тина од кој околу 23 или 24 се на клиниата, а другите во одделенијата ширум државата. Има различни трендови на организација на клиниките за инфективни болести во различните европски земји, согласно специјалистите кои се на располагање.

На Инфективната клиника и во другите општи болници изминатите две години примени се голем број доткори, но мора да се има специјализација, па да се стекне искуство, сетот одзема многу време, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот