Филипче: Во домашна изолација се 12 лица, меѓу кои две деца

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција каде известуваше за ситуацијата со коронавирусот изјави дека 12 лица се во домашна изолација, во Скопје и во Струмица, меѓу кои има и деца.

– Тие се во добра состојба и целосно ја разбираат ситуацијата. Помеѓу нив има и две деца, околу четиригодишна возраст, рече Филипче.

Тој додаде дека ниту еден од изолираните лица нема симптоми на коронавирусот.

Засега има само еден потврден случај на коронавирусот во Македонија, додека денеска имаше две тестирања на можни заболени кои се покажаа негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот